НЛБ Тутунска банка најдобра банка во НЛБ Групацијата

Bez autora
Apr 03 2012

НЛБ Тутунска банка АД Скопје повторно е најуспешна банка во словенечката НЛБ Групација и Банка со најголем пораст на нето-добивката помеѓу банките во Република Македонија за 2011 година. НЛБ Тутунска банка во 2011 година оствари нето-добивка од 10,7 милиони евра што е за 42,5% повеќе во однос на 2010 година, со што банката продолжи да остварува позитивни резултати и стабилен раст. Одржан е квалитетот на кредитното портфолио, со низок процент на нефункционални пласмани под нивото на банкарскиот сектор. Главните активности беа фокусирани на заштита на банката од непредвидени ризици, обезбедување нови кредити за стопанството и граѓаните, како и на проекти за намалување на оперативните трошоци од работењето. Тоа на банката и овозможи континуирана стабилност и висока профитабилност, како и во целокупното постоење и работење во изминатите 26 години.

НЛБ Тутунска банка најдобра банка во НЛБ ГрупацијатаНЛБ Тутунска банка АД Скопје повторно е најуспешна банка во словенечката НЛБ Групација и Банка со најголем пораст на нето-добивката помеѓу банките во Република Македонија за 2011 година.

НЛБ Тутунска банка во 2011 година оствари нето-добивка од 10,7 милиони евра што е за 42,5% повеќе во однос на 2010 година, со што банката продолжи да остварува позитивни резултати и стабилен раст.

- Одржан е квалитетот на кредитното портфолио, со низок процент на нефункционални пласмани под нивото на банкарскиот сектор. Главните активности беа фокусирани на заштита на банката од непредвидени ризици, обезбедување нови кредити за стопанството и граѓаните, како и на проекти за намалување на оперативните трошоци од работењето. Тоа на банката и овозможи континуирана стабилност и висока профитабилност, како и во целокупното постоење и работење во изминатите 26 години - велат од НЛБ Тутунска банка.

Во текот на 2011 година, вкупните кредити беа зголемени за 40,4 милиони евра или за 7,6%, од кои кај граѓаните беа зголемени за 15,8%, а кај компаниите за 1,2%. На крајот на годината вкупните кредити изнесуваа 573,2 милиони евра.

Со распределба на добивката од 2011 година во резервите на банката, гарантниот капитал е зголемен на 109 милиони евра што на Банката ќе и овозможи понатамошна стабилност и нов кредитен раст.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik